Металург лесно се справи со Гевгелија

Ракометарките на Металуг имаа сигурно издание на гостувањето кај Гевгелија во првото коло после зимската пауза во женската лига. Избраничките на Јулијана Дамчевска триумфираа убедливо со 38:19.

Победникот на натпреварот беше познат уште во раната фаза од дуелот, после почетните минути кога беше измрамнето во продолжението се беше на страната на Металург. На полувреме гостинките имаа водство 18:11. На отварањето на вториот дел актуелниот шампион имаше серија 8:0 и ја запечати победата. До крајот само формално се доигра натпреварот.

Јасмина Попова и Бојана Пецевска беа единствените расположени во домашниот тим и постигнаа по пет гола, додека во победничката екипа со по шест гола најефикасни беа Биљна Дамчевска, Јана Калајџиевска и Ива Божиновска со по шест гола.

ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ 19:38 (11:18)

Сала: 26-ти април во Гевгелија. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чавдаров. Делегат: Васил Чавдаров.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова 2, Попова 5, Пецевска 5, Костатинова, Петрова, Горковска, Попова 3, Митрова, Петковска 1, Тимчева, Танева, Ибрахимович, Митрова 3.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова, Владева, Гулицоска, Тасевска 4, Смајлоска 3, Алексоска 3, Темелковска 2, Дамчевск 6, Калајџиевска 6, Божиновска 6, Граматова 2, Стојановска 2, Стефановска 1, Петковска 3, Паскал.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: /