Полна агенда за официјалнитe лица од Македонија во Регионалната лига

Македонските судии делегати веќе ги започнаа своите активности за претстојната сезона. По трите домашни турнири, тие веќе се делегирани на натпреварите од Регионалната лига.

Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе ја судат средбата во Автокоманда меѓу тимот на Кирил Лазаров и Ловќен Цетиње што ќе се игра на 28 август од 19:00 часот, а делегат ќе биде Ацо Николовски.

Истиот ден од 18:00 часот ќе играат Динамо Панчево и Охрид, а тој меч ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегат е Марјан Начевски. Истото трио ќе биде на мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Дубочица Лесковац на 31 август од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, заедно со Ацо Николовски, беа официјални лица на мечот меѓу Охрид и Војводина, а Исмаил Металари и Ненад Николовски заедно со Бобан Мајнов беа официјални лица на мечот меѓу Ловќен и Дубочица Лесковац. На дуелот меѓу Вардар и Војводина судеа Михајло и Методија Илиевски, а делегат беше Бобан Мајнов.

 

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________