Кумановки победнички во пролетниот дел, освоија лесни три бода

Лидерот на табелата во Женската лига и непоразен тим во есенскиот дел, Куманово продолжи со победите и во пролетниот дел од сезоната совладувајќи го составот на Деспина со 42:14.

Во текот на целиот натпревар тимот на Куманово беше во водство така што кој ќе победи беше јасно после само неколку напади. Кумановки поведоа со 3:0 и овие три гола постојано ги зголемуваа во текот на средбата. Не дозволија да има проблеми така што до крајот на првото полувреме стигнаа до плус 11 и резултат од 17:6.

Во вториот дел од средбата работите беа уште повеќе во корист на домашните кои дојдоа до уште повисока предност добивајќи го овој дуел со високи 28 гола разлика односно 42:14.

Со ова Куманово само потврди дека останува главен кандидат за титулата, но ќе треба тоа да го потврди и на натпреварите до крајот од сезоната.

КУМАНОВО – ДЕСПИНА             42:14 (17:6)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Играно без публика. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

КУМАНОВО: Косановиќ, Наумоска, Марковиќ 2, Пецанова 3, Трајковиќ 7, Ивановска 3, Боризовска 6, Шарановиќ 1, Чокели 1, Јанкуловска 2, Кипријановска 5, Радевска 1, Цветановска 4, Гичевска 7.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Богеска, Петреска, Боризоска 1, Гулеска 3, Е. Рипилоска 1, Крстевска, Цветкоска 1, Спиркоска 2, Јовеска 2, Богојеска, Цаневска, Седлоска, Л. Рипилоска 1, Филипоска 3, Ристеска.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.