Вардарки сигурни на отварањето на пролетниот дел против Спартак

Ракометарките на Вардар имаа успешно отворање на пролетниот дел од сезоната, на домашен терен, а беа подобри од Спартак со 37:13.

Вардарки имаа лесна задача и без многу мака стигнаа до нови бодови. Уште на почетокот најавија дека нема да има дилеми кој ќе победи на натпреварот и поведоа со 7:1. Потоа имаа и 10:3, а набрзо предноста беше двоцифрена, 15:5.

По 30 минути игра Вардар имаше водство 22:8 и тука само беше потврдено кој ќе победи денеска. Во продолжението домашната екипа рутински одработе и ги освои првите бодови во продолжението од сезоната.

Гелевска, Седлоска и Диневска со по шест гола беа најефикасни, додека во составот на Спартак се истакна Стефановска исто така со шест гола.

ВАРДАР – СПАРТАК  37:13 (22:8)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

ВАРДАР: Трајковска, Гоцевска, Божиновска 2, Грујовска, Џатевска 1, Паковска, Трпевска 5, Гроздановска 1, Костовиќ, Диневска 6, Миновска 5, Седлоска 6, Коларовска 2, Јаковчевска 2, Галевска 6, Николиќ 1.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 8 мин.

СПАРТАК: Филиповска, Костадиновска 1, Неделковска, Василева 3, Самарџиска, Стефановска 6, Величковска 1, Димитрова, Андонова, Кимовска, Кимовска 1, Кузмановска, Домазетовска 1.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 4 мин.