Втор пораз за Македонија на Медитеранските игри

Комбинираната селекција од кадетки и младинки на Македонија го доживеа и вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто.

Избраничките на Даниела Новеска загубија од Тунис со 43-11, откако и на паузата губеа со убедлива разлика, 20-4.

Ниту една ракометарка во македонскиот состав не даде повеќе од два гола, а голманката Миновска запиша шест одбрани.

За Македонија сега следуваат пресметките со Алжир, Косово и домаќинот Италија, а ќе има и меч за пласман на 1 септември.