Овче Поле СУ со втора победа над ЖРК Алушовски во три дена

Ракометарките на Овче Поле СУ по победата во баражот за четвртфиналето на Купот на Македонија против составот на ЖРК Алушовски, славеа над истиот ривал и во Женската лига.

Домаќинот во Свети Николе победи со 28-26, иако победникот можеше да биде решен уште по  првиот дел, кога беше 20-12.

Во второто полувреме гостинките се заканија и ја намалија негативата, но немаше време за комплетен пресврт, па бодовите останаа за Овче Поле СУ.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ребека Костова со девет голови, а Стефанија Павловска даде шест.

Кај гостинките од Скопје се истакнаа Сања Трајановска со 12 погодоци и Ана Николовска со осум.