Чаир освои лесни бодови против Кузман Вардар

Ракометарките на Чаир имаа сигурно издание во првиот натрпевар од продолжението на сезоната против екипата на Кузман Вардар и триумфираа со 34:23.

Гостинките од Илинден имаа добар почеток и поведоа со 3:0 но тоа беше се што сторија на овој дуел. Продолжението беше потполно во знакот на домашната екипа па до полувремето Чаир обезбеди предност од 16:9.

Второто полувреме започна со 5:1 серија на Чаир со која се одлепија на десет гола што беше недостижно до крајот за Кузман Вардар. Анастасија Николовска имаше перфектно издание за Чаир и постигна 14 гола, додека во тимот на Кузман Вардар Ивона Русевска со десет гола беше најпрецизна.

ЖРК ЧАИР – ЖРК КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН 34:23 (16:9)

Сала: 7-ми март во Скопје. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи.

ЧАИР: Сандева, Петровска, Николовска 4, Каранфиловска, Бакиќ, Рамуко 1, Рамуко, Сали, Мартиновска 6, Шерифи, Реџеп 4, Кицеска, Ѓуриќ, Мисовска, Костадиновска 5, Николовска 14.

Седмерци: 3/4. Седмерци: 8 мин.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Ѓорѓиева 7, Додевска, Тодоровска, Чавдарова, Бојковска 1, Петровска, Јовевска, Ангеловска, Ристевска, Буразер, Филипова, Ангелевска, Ангеловска 1, Кириловска 1, Русевска 10, Петковска.

Седмерци: 3/5. Исклучувања: 8 мин.