Еурофарм Пелистер како тајфун, ја „оддува“ Татабања среде Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа најдобриот натпревар сезонава и дојдоа до висока победа на средбата против Татабања со 33:20.

Освен првите десетина минути кои поминаа во надигрување и резултатска израмнетост продолжението од средбата мина во знакот на Еурофарм Пелистер. Секоја грешка на Татабања, секој празен простор, секој момент на слабост на противникот се користеше најдобро што може за постојано зголемување на предноста.

Практично на 15 минути се создаваа по четири гола разлика. Во 15. минута резултатот беше 9:5, а после 30 минути, 17:9 со што јасно се виде дека на овој дуел тимот на Еурофарм Пелистер е далеку поквалитетен и има многу подобро подготвени и помотивирани ракометари.

Во вториот дел за 15 минути игра се стигна до плус 15. И во овој дел од средбата немаше што да се види од гостите кои реализираа на секој трет или четврти напад така што на ракометарите на Еурофарм Пелистер не им беше проблем лесно да отидат на огромна позитива која им носеше целосна контрола на натпреварот.

Стигнаа до 27:12 и тука веќе можеше да го спуштаат темпото на игра бидејќи веќе беше јасно кој победува денеска и кој ќе ги однесе бодовите од овој натпревар. Гостите од Унгарија не можеа да следат и денеска делуваа тотално индиспонирано така што мораа да го признаат поразот.

До крајот гостите само намалија, но веќе беше јасно дека ова ќе биде огромна победа за Еурофарм Пелистер, кој покажува дека го фати победничкиот ритам и влегува во одличен период во кој ќе има што да покаже и во Лигата на Европа. Тоа најдобро го покажа победата од 33:20 против Татабања.

23 ноември 2021
33 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 ноември 2021 20:11 ЛИГА ЕВРОПА D 2021/2022 23.11.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1733Победа
ТАТАБАЊА920Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек06
3Гоце Ојлескилево крило13
4Никола Маркоскипивот10
7Дејан Кукуловскилев бек01
9Стипе Мандалиниќлев бек04
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек01
18Јосип Периќцентрален бек05
19Ненад Костескидесно крило03
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек00
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило02
59Елмир Граџанпивот12
74Немања Обрадовиќцентрален бек01
97Рение Табоадацентрален бек05
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 333

ТАТАБАЊА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Пјотр Вишомирскиголман00
3Балаш Молнарлево крило00
4Нандор Богнарпивот01
7Адам Јухачцентрален бек10
14Бенце Хорњакдесно крило06
15Дарко Стојниќпивот00
16Ласло Батруцголман00
17Стефан Сунајколево крило12
19Жолт Балогдесен бек00
22Матијас Ѓерицентрален бек10
24Урбан Лукашлев бек21
27Габор Анчиндесен бек04
29Бенце Здоликлев бек03
33Алексеј Ушалпивот02
51Виорел Фотачелев бек10
77Марк Даниел Бодорлев бек01
 Вкупно 620

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274

Бабиќ: Моите ракометари беа на највисоко ниво, покажаа колку вредат

Божиќ Павлетиќ: Дојдоа и нашите пет минути