Божиќ Павлетиќ: Дојдоа и нашите пет минути

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на Европа, откако во Битола беше совладана унгарската Татабања со 33-20.

Десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ вели дека тој и соиграчите одиграле квалитетен натпревар од почеток до крајот.

„Колку и да тежок денеска денот во Македонија, мислам дека успеавме барем малку да внесеме радост кај битолската публика. Мислам дека одигравме еден натпревар квалитетно од почетокот до крајот, знаевме дека ќе дојдат нашите минути. Ги знаевме нивните предности и мани, и тоа го искористивме“, изјави Божиќ Павлетиќ.

Следен предизвик за македонскиот тим ќе биде незгодното гостување кај Спортинг Лисабон на 30 ноември.

Еурофарм Пелистер како тајфун, ја „оддува“ Татабања среде Битола

Бабиќ: Моите ракометари беа на највисоко ниво, покажаа колку вредат