Елверум парираше едно полувреме, Нант ги освои бодовите

Ракометарите на Нант откако во претходното коло од Лигата на шампионите беа изненадени од Целје, денес на гостувањето во Норвешка кај Елверум запишаа убедлив триумф со . Сепак, Нант остана без директен пласман во четвртфиналето и до крајот од групната фаза од елитното натпреварување ќе се бори за 3. позиција на табелата во групата Б.

Во првиот дел беа постигнати вкупно 39 погодоци, а тоа доволно говори дека двете екипи речиси играа без одбрана. Иако екипата на Елверум во речиси најголемиот дел од првите 30 минути беше во водство, највисоката предност изнесуваше пет гола разлика, сепак, ракометарите на Нант од 25 минута, па сѐ до крајот на првиот дел беа подобриот противник на теренот.

Откако беше 3:3 во воведните минути, домаќините чекор по чекор започнаа да градат резултатска предност. Елверум се одлепи на 6:4, уште во неколку наврати имаше два гола предност и кон средината на првиот дел со одличната игра во одбраната не му дозволуваше премногу простор на гостинит, кој влезе во криза.

Домаќините во 15 минута имаа позитива од четири гола разлика, 11:6, но одличната игра на Елверум траеше само десетина минута. Шампионот на Норвешка до 25 минута имаше контрола на резултатот и водеше со четири до пет гола разлика. По водството на Елверум од 16:12, гостите се надминаа себе си и со серија од 4:0 се вратија во игра израмнувајќи на 16:16.

Гостите пред финишот од првиот дел поведоа со 18:17 и им дадоја до знаење на домаќините дека ќе имаат тешка борба во вториот дел. Елверум не успеа да го издржи брзиот ритам на гостинот, кој продолжи со одличната серија, постигна уште три гола и на полувреме замина со активен резултат од 21:18.

Во вториот дел немаше никаква неизвесност, сѐ мина во знакот на гостите кои рутински ја диктираа играта и водеа со четири до пет гола разлика. Тимот на Елверум имаше единствено сили само да намали на два гола разлика во 40 минута (27:25, 28:26). Нант делуваше моќно во нападите и сѐ му одеше од рака.

Барселона поведе еднаш на мечот во Целје – и победи!

Келце им се врати на победите со стил, против данскиот гигант Алборг