Домашната сила дојде до израз – Еурофарм Пелистер убедлив против „витамините“

Ако се гледа само резултатот на крај од мечот и на полувреме, заклучокот е дека актуелниот вицеправак на Македонија рутински стигнал до бодовите на дуелот со вториот тим од Автокоманда. Но, на терен сликате беше сосема поинаква. Тимот предводен од Никола Матиески до 18 минута имаше водство. До тој период „витамините“ играа одлично па и предност од 3-4 гола што ја имаа беше заслужена за нив, а изненадувачка за домаќините.

Еурофарм Пелистер победи со 38-27 (18-14). За Еурофарм Пелистер ова се први победнички бодови, откако во првото коло освои бод на гостувањето кај Охрид. „Витамините“ во братскиот дуел загубија во Автокоманда.

Лино Червар реши на овој дуел со аутсајдерот да ги одмора Кузмановски, Видомски, Пешевски и Митревски. Влегоа битолчани многу „опуштено“ па можеби малку и со потценување кон повратникот во Супер лигата. И тоа им донесе почетни проблеми. Иако имаа негатива од неколку гола, Лино Червар не побара тајмаут, туку остави играчите самите да се изборат, и со измените што ги правеше ја најде поставата која може да направи и пресврт и да донесе водство.

И од негативата 1-5, 4-8, 8-10 домашните во 21 минута првпат израмнија, на 11-11, уште неколку минути беше „неизвесно“, а потоа со серија погодоци Еурофарм Пелистер зголеми на 18-14, резултат со кој се замина во соблекувалните на полувреме.

Веќе на стартот од вториот дел домашните зголемија за „плус 6“ и како да ги решија сите дилеми. Десет минути остана таа разлика од 5-6 гола, по што Еурофарм Пелистер пак направи серија со која отиде на „плус 9“ и водство 27-18, во 43 минута по што Матлиески мораше повторно да бара тајмаут.

Ненад Белистојаноски ја играше „својата партија“ и во 44 минута му донесе водство 28-18 на својот тим. Веќе немаше дилеми кој ќе ги освои бодовите, Еурофарм Пелистер, но остана нејасно со колкава разлика ќе заврши мечот.

Ненад Белистојаноски со 8 гола, и Мирче Кајалџиоски и Петар Атанасијевиќ со по 6 гола беа најефикадни кај домашните, а Матеј Тевдовски даде 5 за госите

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾