Дрогришки: Дојдов во Охрид со една цел – да му помогнам да оствари пласман во Европа

Екипата на Охрид во паузата пред плеј-офот беше помеѓу најактивните на трансфер пазарот. Во клубот пристигнаа четири нови имиња , кои треба да му помогнат на клубот што подобро да се претстави во плеј-офот и да избори пласман во Европа.

Ново лице во клубот е некогашниот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки, кој во Охрид дојде од тимот на Тиквеш. Дрогришки, кој веќе има соработувано со Андоновски, вели дека го одбрал Охрид поради понудените услови, но и поради амбициите на клубот кои, кои како што рече, се идентични како неговите.

„Професионалниот пристап на целата управа, организациски какосе поставени работите, едноставно со еден разговор помеѓу мене, тренерот и управата беше се решено и одлучив дека јас сакам да дојдам тука и да го засилам тимот на Охрид. Дојдов со една цел, да и помогнам на екипата да оствари пласман во Европа, што подобро да го афирмираме градот и ракометниот клуб за следната сезона. Јас тука имам договор до крајот на наредната сезона, така да мојата цел и амбиција е да настапувамево Европа што подолго. Добро се познаваме со тренерот Андоновски, се разбираме на теренот, има добри видувања за ракометот и мислам дека можам добро да се вклопам во неговиот систем“, изјави Дрогришки.

Во првото коло од плеј-офот, Охрид гостува во Битола кај составот на Еурофарм Пелистер 2 во сабота од 18:00 часот.