Дисингер: Не знаеме до каде сме со формата, ама мора да го победиме Келце

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот против полскиот шампион Келце во седмото коло од Лигата на шампионите.

Досега вардарци одиграа три меча во кои билансот е една победа, едно реми и еден пораз, а левиот бек Кристијан Дисингер вели дека мора да се триумфира над Келце за Вардар да има добра позиција во продолжението на сезоната.

„Целата сезона е тешка за нас. Немаме натпревари, не знаеме до каде сме со формата во овој момент и тешко е бидејќи не играме ни СЕХА, ниту македонско првенство, па искрено не можам да очекувам ништо од натпреварот со Келце. Немаме чувство дека играме ракомет, одигравме само три меча за за три месеци. Ние сакаме да победиме, тоа е сигурно, но нема да биде лесно. Под притисок сме, Келце е на првото место и собра многу бодови, па ние мора да победиме за да имаме добра позиција во продолжението од сезоната. Но ќе видиме што ќе се случи. Добро би било да одиме следната недела со победа во Келце“, вели Дисингер.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра утре со почеток во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Дибиров: Дуелите меѓу Вардар и Келце секогаш се ракометна класика

Алушовски: Келце знае како е да се игра во Скопје, но и ние го знаеме клучот за успех

Австриска свирка за Вардар и Келце