Дибиров: Дуелите меѓу Вардар и Келце секогаш се ракометна класика

Екипата на Вардар утре од 18:45 часот се среќава со тимот на Келце во 7. коло од Групата А од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ влагаат на овој дуел со желба да дојдат до нови бодови.

Келце ќе дојде во Скопје како лидер во Групата А, но вардарци знаат како треба против тимовите кои се на врвот во групата.

Атмосферата е на добро ниво, а тоа го потврдува и еден од поискусните во составот, Тимур Дибиров.

Тој во своите коментари потврдува дека очекува неизвесен натпревар, за кој Вардар ќе биде подготвен на највисоко ниво.

„Секогаш кога има натпревар меѓу Вардар и Келце е ракометна класика. Има многу тензија, многу е интересно, а резултатот е неизвесен. Во Скопје очекуваме ист тако натпревар. Не стравуваме од тоа дека долго време немавме натпревар бидејќи се виде против Флензбург дали си играл натпревари редовно или си немал подолго време не можеш да се носиш со противникот. Келце е една од најтешките екипи за подготовка. Има многу креативни играчи како што се Карачиќ и Душебаев, одлични пивоти како Каралек и Турна. Има и одличен тренер. Знаеме дека ќе биде тешко, но нашата шанса е да одиграме максимално на домашен терен и да играме 60 минути. Верувам во нашата екипа. Ние губеле или победувале излагаме со самодоверба на терен и знаеме дека секогаш имаме шанса да победиме, очекувам и овој пат да биде исто“, вели Тимур Дибиров.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра утре од 18:45 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“.

Алушовски: Келце знае како е да се игра во Скопје, но и ние го знаеме клучот за успех

Австриска свирка за Вардар и Келце

Дисингер: Не знаеме до каде сме со формата, ама мора да го победиме Келце