Австриска свирка за Вардар и Келце

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од седмото коло во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар ќе играат на домашен терен против полскиот првак Келце на 19 ноември од 20:45 часот.

ЕХФ ги делегираше Австријците Радојко Бркиќ и Aндреј Јусуфхоџиќ за делители на правда, додека делегат ќе биде Драган Начевски од Македонија.

Вардар досега одигра три натпревари во елитното натпреварување и забележа една победа, едно реми и еден пораз.