Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Супер машката лига.
Аритражата на езерскиот двобој меѓу Охрид и Струга им е доделена на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека средбата во Куманово каде гостува шампионот Вардар, ќе ја судат браќата Ќаеви.
Дербито во Кавадарци меѓу Тиквеш и Бутел Скопје ќе го судат браќата Георгиевски, додека правдата на средбата во Богданци ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Во Битола ќе има две средби меѓу братските клубови. Јашар и Прентоска се делегирани за средбата меѓу Еурофарм Пелистер и „витамините“ од Автокоманда, додека Илиевски и Шуковски ќе го судат мечот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и тимот на Кирил Лазаров.
Супер машка лига, 2 коло:
12/09, 16:30, Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс (Јашар/Прентоска)
12/09, 18:00, Куманово – Вардар (Ќаев/Ќаев)
12/09, 19:00, Охрид – Струга (Митревски/Тодоровски)
12/09, 19:00, Тиквеш – Бутел Скопје (Георгиевски/Георгиевски)
12/09, 19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид (Илиевски/Шуковски)
12/09, 19:30, Младост Богданци – Прилеп (Металари/Николовски)
























