Алушовски: Келце знае како е да се игра во Скопје, но и ние го знаеме клучот за успех

Европскиот шампион Вардар го очекува тежок натпревар од Лигата на шампионите и натпревар со полскиот првак Келце.

Тренерот Стевче Алушовски смета дека Келце досега покажал најмногу во елитното натпреварување.

„Не очекува тежок натпревар, со екипа што досега покажа најмногу, максимално незгоден ривал, кој е составен од екс вардарци, пред се мислам на Карачиќ и Душебаев. Тие знаат како е да се игра во Скопје. Очекувам неизвесен натпревар и мислам дека клучот на успехот треба да биде играта во нашата одбрана. Се подготвуваме, ги анализираме и мислам дека во четврток ќе бидеме максимално подготвени за овој предизвик. Не чекаат два дуели со Келце, убеден сум дека ќе одиграме на нивото на претходните средби од Скопје со Фленсбург и Порто, оптимист сум за првата средба со Келце. Се надевам на добра игра и победа на Вардар“, вели стратегот Алушовски.

Варарци ќе бидат комплетни, иако дел од нив се пожалија на повреди.

„Филип Талески се врати со оток на коленото од ЕХФ неделата, а Ловро Јотиќ имаше мала повреда за време на тој период. За среќа нашиот лекарски тим успеа да ги оспособи и ќе бидеме комплетни за дуелот со Келце“, заврши Алушовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.