Грците полудеа по Хрватот: Мандалиниќ заврши на рацете на навивачите на АЕК (ФОТО+ВИДЕО)

Стипе Мандалиниќ веќе по првиот одигран натпревар во дресот на АЕК Атина стана миленик на навивачите.

Хрватскиот лев бек беше најдобар стрелец во АЕК Атина во дерби триумфот над Олимпијакос со 25-22 во првото коло од шампионатот на јужниот сосед на Македонија.

Веднаш по завршувањето на мечот, поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер заврши на рацете на поддржувачите на тимот од Атина.

АЕК Атина делумно му се одмазди на Олимпијакос за поразот во финалето на плеј-офот минатата сезона, но допрва ќе следуваат уште битки за титули сезонава.

Мандалиниќ се „распука“, АЕК го среди Олимпијакос!