Мандалиниќ се „распука“, АЕК го среди Олимпијакос!

Тимот на АЕК Атина предводен од Стипе Мандалиниќ, славеше против Олимпијакос со 25-22, во дерби натпреварот од првото коло на првенство на јужниот сосед на Македонија.

АЕК Атина водеше уште од стартот на првото полувреме и на паузата обезбеди плус два гола разлика, 13-11.

Во финишот на мечот беше плус три за АЕК, 23-20 и домашните успешно ја задржаа прредноста до самиот крај.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Стипе Мандалиниќ со девет гола, четири даде Никола Јукиќ, додека кај Олимпијакос, пет гола имаше Вебер, Остроушко стрелаше два пати, а по еднаш погодија Њокас и Граџан.