Тимот на Македонија Ѓорче Петров имаше победнички старт на новата сезона во Првата лига, откако славеше кај новиот прволигаш Илинден со 39-32.
Парираа домашните ракометари долго време во првиот дел, но во последните две минути пред паузата, по 17-15, Македонија Ѓорче Петров преку Петров, Станојоски и Чакалиќ погоди за плус пет, 20-15.
Во вториот дел избраниците на Оливер Димитриоски се одлепија и на плус осум, на десетина минути до крајот Илинден преку Цветковски намали на минус три, 31-28, но немаше сили за нешто повеќе.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Александар Симоновски и Бојан Чакалиќ со по седум гола, додека Стефан Зенговски со девет и Антонио Наковски со осум, како и Петар Цветковски со шест, беа најдобрите во домашниот состав на Илинден.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾

























