Голден Арт КЛ7 суспендираше 10 ракометари – ќе ги оспори резултатите на нивните нови клубови!

Клубот информира дека е отпочната и судска граѓанска постапка против сите играчи кои до сега не се јавиле на подготовките на клубот за оваа сезона, и побарано е заштита од сите релевантни домашни и меѓународни спортски инстанци.

Раководоството на прволигашот Голден Арт, кој по една сезона во Суперлигата се врат во Првата лига, пред три дена поднесе барање до РФМ за суспензија на десет ракометари кои се под договорна обврска со клубот, а не се појавиле на подготовките.

Станува збор за Олег Јорданов, Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Стојковиќ, Филип Крстевски, Мартин Димовски, Александар Стојков, Ѓорѓи Ерманоски, Емилијан Ѓорговски и Никола Цветаноски, кои веќе тренираат со новите клубови.

Покрај суспензијата, Голден Арт почна и со судска граѓанска постапка против сите ракометари. Клубот најавува дека ќе ги оспори резултатите на клубовите ако играчите за кои се бара суспензија, настапат на официјални натпревари.

Ѓорговски вчера беше промовиран во Еурофарм Пелистер 2 и се очекува денеска да настапи во првото коло против Еурофарм Пелистер, Кртевски игра за Пролет, Цветаноски е во Струга, додека останатите ракометари веќе се на тренинзи со Алкалоид.

Каква ќе биде разрешницата на овој случај, останува да видиме во следните денови.

Ѓорговски: Сакав да играм во Суперлигата, затоа си заминав од Голден Арт