По екипата на Охрид, денеска ќе биде познат и вториот финалист на 54. издание на Струшкиот турнир по натпреварите од третиот ден.
Вардар е на чекор до првото место во групата два, за тоа ќе му биде доволно и реми против Бутел Скопје, а може и пораз до шест разлика, во случај да има круг од три екипи со по три бода.
„Црвено-црните“ по триумфот на Прилеп, се големи фаворити и против Бутел Скопје, а тренерот на Вардар, Стојанче Стоилов, за првпат ќе игра натпревар против тимот во кој имаше ѕвездени моменти.
Мечот меѓу Вардар и Бутел Скопје е на програмата од 20:30 часот, додека од 18:30 часот ќе се одигра натпреварот меѓу домаќинот Струга и Дубочица Лесковац, кој ќе биде директен двобој за второто место во групата.
Распоред на натпревари, Струшки турнир:
18:30 СТРУГА – ДУБОЧИЦА ЛЕСКОВАЦ
20:30 ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

























