Ѓорговски: Сакав да играм во Суперлигата, затоа си заминав од Голден Арт

Еден од најдобрите македонски млади ракометари, Емилијан Ѓорговски, замина од Голден Арт и во следните три сезони ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој потпиша за Еурофарм Пелистер, а првата сезона ќе ја мина во вториот тим предводен од Александар Јовиќ.

„Овој предизвик го одбрав, бидејќи повторно сакав да играм во Суперлига, наместо да се вратам во Првата лига. Затоа и го напуштив Голден Арт. Еурофарм Пелистер ми понуди добар договор и добри услови и спремен сум да дадам сè од себе да влеземе во разигрувањето. Засега сум презадоволен од овој предизвик. Турнирот во Прилеп го одигравме максимално и спремни сме за Суперлигата. Се надевам дека ќе влеземе во плеј-офот“, вели Ѓорговски.

Во првиот натпревар од новата сезона, Еурофарм Пелистер 2 ќе сретне со Еурофарм Пелистер утре од 17:00 часот.