Вчера беше херој на тимот и му донесе Куп финале, денеска се ожени! (ФОТО)

Животот на професионалните спортисти не е воопшто лесен, а за тоа доказ е македонскиот интернационалец Мартин Поповски.

Тој вчера беше херој на Амичитија Цирих, играше без грешка и го однесе својот тим во финалето на Купот на Швајцарија, а денеска се ожени.

Поповски денеска го потпиша најважниот животен договор и се обврза на вечна љубов со неговата партнерка Стојна Гогова.

Десното крило со романтично запросување во Мексико за време на новогодишните празници ја побара раката на својата избраничка, а денеска официјално стапија во брак.

Романтично запросување во Мексико на плажа – Мартин Поповски му кажа збогум на ергенлакот (ФОТО)

Цирих го слави Поповски – Македонецот ја однесе Амичитија во Куп финале!