Крајевски: Можеме малку да прославиме, но во Плоцк ќе биде уште потешко

Висла Плоцк ја освои Скопје и со победата над Вардар од 32-26 стигна до значајни бодови во Лигата на шампионите. Полскиот тим имаше негатива од 15-13 по првото полувреме, но во продолжението целосно го сврте натпреварот.

Пжемислав Крајевски смета дека добрата подготовка и почитувањето на договореното биле клучни за триумфот во „Јане Сандански“.

„Очекувавме тежок натпревар во сите 60 минути, но многу добро го подготвивме секој детал. Мислам дека токму тоа беше клучот за денешната победа. Секако дека можеме малку да прославиме, но не смееме да заборавиме дека веќе следната среда повторно играме против Вардар. Сигурно ќе биде уште потешко и мораме да бидеме подготвени за следниот натпревар“, изјави Крајевски.

Вардар и Висла повторно ќе се соочат следната среда, овојпат во Плоцк, во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Вардар се мачеше со полскиот бедем – Висла заслужено славеше во Скопје

Сабате по триумфот во Скопје: Да се победи овде е многу тешко, атмосферата е фантастична