Одамна не сме го видел Вардар да биде толку надигран од некој тим, да не може да „фати крај со крај“, постојано да брка негатива и да не може да се справи со ривалската одбрана. Веројатно повеќе од една година никој не бил толку супериорен, особено во Скопје.
Полјаците го добија мечот чисто и спортски, и заминуваат дома со два бода и триумф од 32-26 (15-13). За Вардар продолжувањето во следната фаза на ЛШ е само теорија, а Висла останува во игра за место кое води во главната фаза.
„Црвено-црните“ ниту еднаш немаа водство и од почеток до крај бараа решение како да ја надиграат противничката одбрана. А тоа тешко им одеше. Не дека немаа шанси, туку она што ќе поминеше низ одбраната го сопираа голманите, особено Миљан Вујовиќ кој имаше двоцифрен број одбрани.
Надежите дека Вардар може нешто да направи спласнаа и завршија во 49 минута кога гостите поведоа со 27-19, што беше и највисоката предност што Висла ја направи дотогаш на мечот. Но, доволно да покаже дека се дојдени да победат. Намали Вардар брзо со серија од 3-0, на 27-22 враќајќи „каква-таква“ надеж, и на клупата и на трибините.
Но, предност се уште беше многу висока. Сепак Фадуил го играше „својот меч“ па намали на 27-23 во 53 минута. „Надежта последна умира“, ама овојпат Вардар не можеше никако да парира и да се надева на чудо.
Најавата на Иван Чупиќ дека Вардар ќе игра против една од најдобрите одбрани во лигата на шампионите дојде до израз уште од самиот почеток на дуелот против Висла Плоцк. Полјаците силно го отворија гостувањето кај Вардар постигнувајќи ги првите три гола во „Јане Сандански“, додека Јака Малус дури во петтата минута го прекина почетниот налет на полскиот тим. Првите три напади на Вардар ги одбрани гостинскиот голман Миљан Вујовиќ, а неговите соиграчите сето тоа го капитализираа.
Полскиот тим поведе со 3-0, а во 15. минута имаше и шест гола предност, 12-6. Вардар постепено влезе во ритам и во 21. минута намали на 9-13. По водството на Висла од 6-2, тренерот Иван Чупиќ побара тајм-аут во деветтата минута. Гостите продолжија да ја одржуваат предноста и поведоа со 8-3, а во 15. минута стигнаа до највисоки 11-5.
Вардар потоа почна да ја намалува разликата. Со головите на Малус, Жоао Педро да Силва и Матео Фадуил, црвено-црните во 21. минута дојдоа до 9-13. Полека Вардар ја намалуваше негативата, но тешко одеше бидејќи полјаците играат и цврсто и брзо, и прецизно. Се сменија голманите, па Гогов застана меѓу стативите. „Црвено-црните“ стигнаа до 14-12 во 27 минута од првото полувреме, преку пеналот на Матео Фадуил.
Под пасивна игра Полјаците се изборија за пенал, а Бјере погоди за ново водство, 15-12. Јака Малус погоди за 15-13, па иако Полјаците го имаа последниот напад, останаа разликата од два гола во корист на Висла.
Само што почна второто полувреме гостите направија серија од 4-1 со која поведоа 19-14, правејќи повторно висока разлика. Потоа веќе им беше полесно да ја одржуваат таа разлика, и до крај да имаат предност која им донесе два бода.
























