Гидсел како Кузмановски – играше сам против Порто и израмни рекорд, дебакл на Загреб

Германскиот Фуксе Берлин одигра одлично второ полувреме и стигна до убедлива победа над Порто од 40-32 во третото коло од Лигата на шампионите.

Слично како Филип Кузмановски кој даде 15 гола против Вибжеже Гдањск, така денеска Матијас Гидсел постигна дури 17 погодоци и го израмни рекордот по број на погодоци на еден меч на Шпанецот Мартинез од 2009 година на мечот Ваљадолид – ПАОК.

Во составот на Порто се истакна Антонио Мартинез со шест погодоци, а во ниту еден момент победата на Фуксе Берлин не беше под знак прашалник, иако гостите беа на минус три по паузата, 20-17.

Хрватскиот првак Загреб претрпе дебакл на домашен терен и загуби од Алборг со 33-23, а со тоа практично се отпиша од трката за ТОП 12 и многу веројатно ќе се пресели во Лигата на Европа.