Педро: Разочарани сме, но мораме достоинствено да го претставуваме Вардар

Жоао Педро да Силва не го криеше разочарувањето по поразот на Вардар од Висла Плоцк со 26-32.

Бразилскиот интернационалец потенцираше дека екипата имала голема желба да стигне до првата победа во Лигата на шампионите, но работите на теренот не се одвивале според планот.

„Бев многу мотивиран за овој натпревар, бидејќи имавме голема можност да стигнеме до нашата прва победа во Лигата на шампионите. Како ракометари, сите сме разочарани затоа што работите не се одвиваа добро.“

Педро смета дека е потребна детална анализа за да се утврдат причините за падот во играта, особено во второто полувреме.

„Во овој момент не знам точно зошто се случи тоа. Ќе мора повторно да го погледнеме и да го анализираме натпреварот. Секако дека сум многу разочаран.“

И покрај трите порази на почетокот од групната фаза, Педро порача дека Вардар нема да се откаже и дека екипата има обврска да продолжи да се бори.

„Ни остануваат уште три натпревари и мораме достоинствено да го претставуваме клубот. Ќе продолжиме напорно да работиме, ќе се обидеме да стигнеме до победа во Лигата на шампионите и да го претставуваме Вардар на најдобар можен начин“, изјави Педро.

Чупиќ ја презеде вината: Идејата со „седум на шест“ не помина – јас сум одговорен!