Алтанова одлична на стартот на сезоната во Словенија

Македонската репрезентативка Лана Алтанова има одличен старт на сезоната во новиот предизвик во Словенија.

Кадетската репрезентативка на Македонија ова лето дресот на Ѓорче Петров го замени со оној на словенечката Изола.

Таму настапува за кадетската и младинската екипа, а беше меѓу најдобрите во триумфот на младинките против Сезана со 30-20 во третото коло.

Средниот бек на Изола и на Македонија даде четири гола од четири обиди и беше меѓу творците на втората победа во третиот натпревар.

Алтанова беше дел и вчерашниот меч од кадетскиот тим, во кој кадетките на Изола славеа голема победа над Крим со 27-22.