Романтично запросување во Мексико на плажа – Мартин Поповски му кажа збогум на ергенлакот (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, новата 2022 година ја започна на најубав начин.

Ракометарот на швајцарска Амичитија Цирих ја побара за сопруга долгодишната девојка Стојна Гогова, а од неа доби потврден одговор.

Романтичното запросување се случи на една од најубавите светски плажи, Плаја Дел Кармен во Мексико .

Десното крило не се најде на скратениот список за ЕП на селекторот Лазаров, па можеше да замине на одмор на летен одмор во зима.

Поповски две години игра во Амичитија Цирих, а пред Нова Година ја продолжи соработката за уште две сезони. Претходно играше за Текстилец, Пролет и Вардар, со кој има тиитула во ЛШ.