Веспрем се избори за мајсторка против ПИК Сегед

Тимот на Веспрем, кој остана без пласман на Ф4 турнирот во Келн, успеа да се избори за мајсторка против ПИК Сегед во домашниот шампионат, откако го доби вториот дуел од финалната серија триумфирајќи со 34:27.

Иако ПИК Сегед обезбеди победа на првиот финален дуел од шест гола разлика, 31:25, и денес му требаше само минимален триумф, сепак, избраниците на Момир Илиќ не дозволија нов кикс и успешно ја сработија денешната задача.

Веспрем беше предводен од одлините Бјарки Мар Елисон и Драган Пешмалбек кои постигнаа по девет, односно шест погодоци. Голманот на Веспрем, Владимир Цупара дуелот го заврши со девет интервенции.

Борут Мачковшек, Миклош Роста и Ричард Бодо со по четири погодоци беа најефикасни во поразениот табор.

ПИК Сегед ќе биде домаќин на решавачкиот дуел, во кој двете страни ќе влезат од нула и само нијанси ќе одлучат дали тимот на Хуан Карлос Пастор ќе ја одбрани шампионската титула, или Веспрем ќе се искачи на тронот.