Вардар Неготино се поднови со кружен напаѓач пред битката за опстанок

Тимот на Вардар Неготино го ангажираше второто засилување пред стартот на суперлигашката битка за опстанок.

Станува збор за кружниот напаѓач Димитар Матовски, кој има и суперлигашко искуство во дресот на Пролет, а го носеше и дресот на прволигашот Драчево.

Претходно Вардар Неготино се договори и со десниот бек од Србија, Лазар Адамовиќ, па тренерот Петар Ангелов ќе има поширок ростер за натпреварите.

Неготинци ќе стартуваат без бодови во плеј-аутот, а првиот предизвик ќе го имаат на домашен терен в сабота против Голден Арт од 18:30 часот.