Вардар на силен турнир со Магдебург, Горење и Холстебро

Најавениот „Хумел Куп“ на кој ќе настапи Вардар ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург, Германија. Покрај Вардар на турнирот ќе учествуваат и екипите на Магдебург, Горење и Хослтебро.

На 21 август ќе се играат полуфиналните натпревари, а следниот ден, на 22 август ќе се играат мечевите за пласман. Дополнително ќе биде решено кои ќе бидат полуфиналните двојки.

Вардар во текот на подготовките планирано е да настапи на два турнири, овој во Германија и плус на турнирот во Струга. Останува можноста да се договорат и други контролни средби со екипи со кои ќе тестира пред четвртфиналните дуели од СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ ги почнуваат подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. Тука ќе се остане неколку денови по што се заминува на подготовки на Златибор, од 19 до 29 јули. Потоа екипата се враќа во Скопје и продолжува со подготовките.