Јагањац и Мелиќ сами го решија Горење

Во рамките од 5. коло во Лига на Европа, хрватскиот вицешампион Нексе на свој терен беше убедлив против Горење со 31:23 во натпревар од Групата Ц.

Ракометарите на Нексе имаа одличен старт. Со головите на Јагањац, Мелиќ и Велкаврх, домаќините по десетина минути игра беа на плус три, 6:3. Одбраната на Горење беше подобра во еден момент, а тоа придонесе за намалување на негативната разлика на минус еден, 5:6. На двата гола на Горење, избраниците на Бранко Тамше одговорија со иста мера, постигнаа два гола во низа и се одлепија на плус три гола предност, 8:5.

Екипата на Нексе до крајот на првото полувреме имаше целосна контрола на резултатот. Солиден меѓу стативите во првите 30 минути беше голманот на домашниот тим, Морено Цар. Ракометарите на Нексе на полувреме заминаа со позитива од пет гола разлика, 14:9.

Словенечкиот тим во второто полувреме со голот на Хасељиќ намали на минус два, 14:16. Малата опуштеност во играта на домаќините беше причина за тајм-аут на клупата на Нексе во 37. минута. Тука беше и моментот кога се скрши отпорот на гостите. Нексе со серија од три гола, повторно дојде на пет гола разлика, 19:14. Во текот на 45. минута, ракометарите на Нексе имаа предност од 20:17. Во последните петнаесетина минути сите обиди на Горење за враќање во игра беа без успех. Нексе успеа да ја зголеми својата предност за конечни 31:23.

Најефикасен во победничката екипа беше поранешниот член на Металург, Халил Јагањац со девет погодоци, а неговиот колега, Фахрудин Мелиќ беше втор стрелец со осум. Во поразениот табор се истакна босанскиот интернационалец, Ибрахим Хасељиќ со шест погодоци.

Во останатите натпревари победа остварија екипите на Тулуз, Бенфика, Фуксе Берлин и Магдебург. Еурофарм Пелистер на тешкото гостување во Лисабон одигра реми против Спортинг, 27:27.

ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ФУКСЕ БЕРЛИН – ВИНТЕРТУР 35:29 (17:11)

ТУЛУЗ  – ТАТРАН ПРЕШОВ 34:20 (18:9)

ВИСЛА ПЛОЦК – БИДАСОА   одложена

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВИСЛА ПЛОЦК1090118
2ФУКСЕ БЕРЛИН1080216
3ФЕНИКС ТУЛУЗ1061313
4БИДАСОА ИРУН103167
5ТАТРАН102084
6ВИНТЕРТУР101092

ГРУПА Б

БЕНФИКА – КОКС 37:23 (17:12)

ГОГ – НАНТ  29:29 (16:14)

ЛЕМГО – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 30:27 (16:16)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГОГ1071215
2БЕНФИКА1071215
3НАНТ1053213
4ЛЕМГО1052312
5КОКС101183
6ЧЕКОВСКИ МЕДВЕДИ101092

ГРУПА Ц

НЕКСЕ – ГОРЕЊЕ 31:23 (14:9)

МАГДЕБУРГ – ЛА РИОХА 33:31 (16:15)

САВЕХОФ – ЕКС АН ПРОВАНС 33:31 (18:14)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ1091019
2САВЕХОФ1060412
3НЕКСЕ1050510
4ГОРЕЊЕ104159
5ЛОГРОЊО103167
6ПАУК101183

ГРУПА Д

НИМ – ТАТАБАЊА 24:22 (11:9)

СПОРТИНГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27:27 (14:16)

КАДЕТЕН – АЕК 30:26 (18:10)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НИМ ГАРД1052312
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1052312
3СПОРТИНГ1051411
4КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1043311
5АЕК104068
6ТАТАБАЊА103076