Еурофарм Пелистер водеше 59 минути, па освои само бод во Лисабон

Контролирајќи ја целата средба, играјќи сигурен натпревар во кој 59 минути се чуваше водството, ракометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат со реми од гостувањето во Лисабон откако беше направена загубена топка во додавање во претпоследниот напад и тоа Спортинг го казни бидејќи немаше голман на голот, па средбата финишираше со 27:27.

За само десет минути игра се виде каков би можел да биде епилогот на овојдуел. Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа контрола и водство од 6:3 кое даваше надежи за позитивен епилог и на овој дуел како и при гостувањето во Грција пред две недели и при дуелот против Татабања во Битола минатиот вторник.

Домашните, сепак, се вратија и израмнија на 8:8 во 17. минута, но потоа одбраната на пелистерци беше на едно повисоко ниво и донесе многу подобро продолжение на средбата. Еурофарм Пелистер одново ја врати контролата на резултатот и до крајот првото полувреме од натпреварот не дозволи да има проблеми околу водството.

На одмор се замина со два гола предност од 16:14, но лесно можеше да биде и плус три бидејќи Бабиќ го искористи вториот тајм-аут за акција која требаше да биде направена во последните седум секунди, но истата не беше реализирана.

Стартот на второто полувреме донесе најава за победа. Откако Спортинг намали на гол негатива, Еурофарм Пелистер одговори со водство од четири гола и 23:19 во 41. минута од натпреварот. Сепак, тука како да почна да е губи ритамот. Во следните десет минути не одеше сè така најдобро. Неколку акции не беа реализирани, па домашните почнаа да намалуваат.

Ракометарите на Спортинг казнија некоја акција кога немаше голман на голот, казнија и некоја грешка, а на сето тоа имаше и пречка, која доколку беше реализирана ќе донесеше плус два. Место тоа во 54. минута беше 25:25 и почна драмата во финишот.

Седумте минути без гол беа прекинати од Маналиниќ во 57. минута кога Еурофарм Пелистер одново дојде до водство, а потоа во следниот напад имаше пробивање од играчите на Спортинг.

Не беше ништо готово бидејќи Табоада доби две минути и речиси до крајот од средбата мораше да остане на клупата. Мандалиниќ после двата гола не реализираше удар, но потоа згрешија и од Спортинг. Сепак, се редеа грешки, па и Еурофарм Пелистер загуби топка при додавање и тоа беше казнето од домашните за 27:27. Немаше многу време за поправен и последниот шут заврши над голот, па двете екипи мораа да се задоволат со бод.

30 ноември 2021
27 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
30 ноември 2021 22:27 ЛИГА ЕВРОПА D 2021/2022 30.11.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СПОРТИНГ1427Реми
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1627Реми

СПОРТИНГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матевж Скокголман00
5Едмилсон Араухолев бек20
6Франциско Костадесен бек00
7Антонио Суарез Дијазцентрален бек01
8Јонас Тидемандпивот11
9Андре Филипе Гарсијасцентрален бек00
11Карлос Руесгацентрален бек16
13Салвадор Салвадорлев бек11
18Ерекле Арсенашвилипивот01
19Мамаду Гасама Сисокодесно крило01
22Франциско Таварешдесно крило05
24Мануел Гашпарголман00
33Јенс Шонгартдесен бек06
61Јасине Белкаједголман00
77Хозеп Фолкуес Ортизлево крило21
79Мартим Косталев бек04
 Вкупно 727

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек01
3Гоце Ојлескилево крило00
4Никола Маркоскипивот00
6Бојан Маџовскилево крило02
9Стипе Мандалиниќлев бек15
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек00
18Јосип Периќцентрален бек03
19Ненад Костескидесно крило01
24Милорад Кукоскилев бек30
30Мартин Велковскидесен бек01
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило04
59Елмир Граџанпивот03
74Немања Обрадовиќцентрален бек10
97Рение Табоадацентрален бек17
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 627

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274