„Повеќе ќе ми значи медал на Македонија, отколку Алкалоид да игра на Ф4 во Лигата на шампионите“

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, најави дека освен во клубот, компанијата „Алкалоид“ ќе стои и зад македонската куќа на ракометот.

На новинарско прашање, за колку години клубот ќе игра на Ф4 во Лигата на шампионите, Мукаетов одговори дека повеќе ќе му значи Македонија да освои медал на големо натпреварување, отколку учество на клубот на Ф4.

„Јас лично, како бизнисмен низ годините, но и како претседател на федерацијата, досега покажав дека секогаш сум неутрален и сакам сите да имаат еднакви шанси. Затоа и решивме клубот да почне од Првата лига, да расте природно преку правилна работа. Она што јас го сакам е овој проект да се развива за добро на македонскиот ракомет. Многу повеќе би ми значело да создадеме квалитетна база и за одреден период репрезентацијата на Македонија да освои медал, отколку Алкалоид да се најде на Ф4 турнирот во ЛШ“, изјави Мукаетов.

Започнува нова историја, нов македонски клуб РК АЛКАЛОИД

Лазаров: Алкалоид е проект за доброто на македонскиот ракомет

Мукаетов: Алкалоид ќе стартува од Првата лига – таму се кали „челикот“ и се кршат копјата

Лазаров: Мојот карактер нема да ми дозволи да има судир на интереси

Базата на Алкалоид ќе биде СЦ „Борис Трајковски“, играчкиот кадар допрва ќе се формира