Пик Сегед им ги одржа лекција на „зебрите“, шампионот на Германија немаше шанси

Ракометарите на Пик Сегед дојдоа до победа од 30:26 против Кил и успеаја да се позиционирааат на 3. место каде што ќе бидат до продолжението на сезоната во февруари. Тимот од Унгарија забележа важни бодови така што успеа да се постави на одлично место пред паузата.

Денеска екипата на Пик Сегед беше подобриот ривал од почетокот на натпреварот. Успеа да наметне силен ритам кој гостите од Германија не можеа да го следат и имаа сериозни проблеми особено во првиот дел.

Во овој дел од средбата Пик Сегед направи разлика од шест гола и имаше 19:13 на паузата. Овие плус шест значеа многу за продолжението од средбата бидејќи можеше да се игра тактички и мирно во продолжението. Тоа се гледа и според бројот на голови во вторите 30 минути.

За разлика од 32 во првиот дел во вториот имаше 24 така што немаше поголем проблем за да се дојде до успех. Играчите на Пик Сегед имаа мирна завршница така што знаеја како да ја зачуваат предноста и победата.

Победата од 30:26 воедно значеше дека Пик Сегед освојува два бода со кои се наоѓа на 3. позиција со ист број бодови како Алборг и два помалку од Монпелје. Кил сега е место подолу, но првите четири тима напролет ќе имаат уште надигрување за двете места кои водат директно во четврт-финале.

Денеска прв стрелец на Пик Сегед беше Банхиди со шест гола, а Мачковшек заврши со пет. Миклер имаше 11 интервенции. Ландин денеска немаше издание како што сите се навикнати да гледаат. Заврши со девет одбрани, а по пет гола имаа Рајнкинд и Екберг.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ00000
2ВИСЛА ПЛОЦК00000
3ДИНАМО БУКУРЕШТ00000
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР00000
5ПСЖ ХЕНДБОЛ00000
6СПОРТИНГ00000
7ФУКСЕ БЕРЛИН00000
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА00000