Мешков Брест се бореше до крај, но Алборг обезбеди триумф

Екипата на Алборг дојде до победа од 34:33 против Мешков Брест во натпревар кој беше максимално интересен и 60 минути донесе неизвесност во која не се знаеше што ќе се случи на крајот.

Од почетокот на средбата се виде неизвесност. Имаше постојано менување во водство, но резултатската тензија беше присутна и никој не можеше да биде сигурен. И Мешков Брест имаше контрола бидејќи беше во предност, но домашните се враќаа.

Иако Палмарсон беше на терен, сепак, не беше најдобро бидејќи не можеше да го даде максимумот. Сепак, Клар, Бартолд и Бјорнсен беа тие кои доминираа во играта на Алборг.

На полувреме резултатот беше нерешен, 18:18, а потоа до финишот имаше постојано надигрување. Неизвесноста траеше и се бараше гол повеќе. После 50. минута Алборг дојде и до плус три и тука почна мала контрола на играта така што успеа да остане во потребниот ритам и да идржи до крај. На неполни две минути до крај Алборг поведе со 34:32, а Пачковски само намали и беа поставени конечните 34:33.

Клар беше најефикасен во Алборг со осум гола, а по седум имаа Бартолд и Бјорнсен. Бонефо беше прв стрелец на Мешков Брест со осум погодоци, додека Андреј Јуринок имаше пет.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛБОРГ54018
2МОНПЕЛЈЕ53117
3КИЛ53117
4ПИК СЕГЕД52216
5ЕЛВЕРУМ52216
6ВАРДАР 196152125
7ППД ЗАГРЕБ50141
8МЕШКОВ50050