ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 6. коло во машка Супер лига?

Тоше Ончев -лев бек- Работнички
47.09%
Владимир Јевтиќ -пикер- Бутел
14.68%
Jосип Периќ -среден бек- Eурофарм Пелистер
9.97%
Tимур Дибиров -лево крило- Вардар
9.70%
Жарко Бајрактаревиќ -десен бек- Јуниор КВ
8.03%
Даниел Дупјачанец -голман- Металург
6.09%
Златко Хорват -десно крило- Mеталург
4.43%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТТИ ОД 6. КОЛО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2           28:21 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР – ПРОЛЕТ 62     30:24 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – ОХРИД              17:17 (ИЗВЕШТАЈ)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ        23:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961990027
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980124
3ПРОЛЕТ950415
4МЕТАЛУРГ932411
5БУТЕЛ932411
6ОХРИД92349
7СТРУГА90363
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 290272

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ПРИЛЕП – МЛАДОСТ     29:23 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – КЛ 7             37:31 (ИЗВЕШТАЈ)

ЈУНИОР КВ – АСТРАИОН              36:23 (ИЗВЕШТАЈ)

РАБОТНИЧКИ – ГРК ТИКВЕШ     31:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ТИКВЕШ 2014970221
2ПРИЛЕП960318
3РАДОВИШ950415
4Г.А.-КЛ7950415
5ЈУНИОР К.В.941413
6МЛАДОСТ 1977941413
7РАБОТНИЧКИ940512
8АСТРАИОН90090

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО

ГОЛМАН: Даниел Дупјачанец (Металург) – Имаше добра партија и забележа 13 интервенции. Најважна беше последната кога одбрани удар за бод против Бутел.

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Шампионот лесно дојде до нов триумф. Против Пролет Дибиров беше најефикасен со девет гола.

ЛЕВ БЕК: Тоше Ончев (Работнички) – Беше лидер во победата над Тиквеш. Речиси самиот го совлада противникот од Кавадарци и постигна дури 17 гола.

СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Првиот тим од Битола дојде до очекувана побед против втората екипа. Бекот од БиХ имаше добар настап и забележа пет гола.

ДЕСЕН БЕК: Жарко Бајрактаревиќ (Јуниор Кисела вода) – Екипата на Јуниор КВ беше убедлива против Астраион, а Бајрактаревиќ имаше забележителна партија. Тој беше и најефикасен со девет гола.

ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Металург) – Беше еден од играчите кои се бореа 60 минути за добар резултат на Металург. Осумпати погоди во голот на противникот.

ПИВОТ: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Задаваше многу проблеми на линијата од шест метри за одбраната на Металург. Седумпати го матираше Дупјачанец.