Јуниор Кисела Вода лесно против фенерџијата Астраион

Во плеј-аут разигрувањето во Супер лигата, Јуниор Кисела Вода денес за противник го имаше помладениот тим на Астраион од Струмица и забележа убедлива победа со високи 36:23.

Гостинската екипа добро се држеше во првиот дел и заостануваше на еден до два гола негатива. Ракометарите на Јуниор КВ со серија од неколку гола во последните минути од првиот дел го зголемија водството и заминаа на полувреме со предност од 15:11.

Избраниците на Ристо Магдинчев со головите на Гичев, Мршуља и Пешкирски ги поставија највисоките седум гола разлика, 18:11, во текот на вториот дел. Грешките во составот на Астраион се зголемуваа, а со нивното зголемување растеше и разликата на спротивната страна. При истекот на 40. минута, Пешкирски зголеми на плус девет, 23:14. До крајот домаќините искористија се што можеше да се искористи на теренот и прославија висока победа.

Во следното коло, Јуниор КВ силите ќе ги одмери со Младост, додека Астраион на домашен терен ќе игра со Радовиш.

15 април 2021
36 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
15 април 2021 17:37 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 15.04.2021 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.1536Победа
АСТРАИОН1123Пораз

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Марио Гичевцентрален бек07
3Андреј Крстевски-20
4Марко Трајковскипивот03
5Мартин Бошковскипивот01
6Стефан Крстескидесно крило02
7Бојан Маневцентрален бек11
8Кирил Пешкирскилево крило08
9Дамјан Трајковскицентрален бек01
16Адриан Костадиноскиголман00
18Игор МршуљаСреден бек03
23Стефан Стојановскилев бек00
24Кристијан Николовски-00
88Томче Трајчевскипивот01
97Жарко Барјактаревиќдесен бек09
 Вкупно 336

АСТРАИОН

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
МИРЧЕСКИ ЛЕРИ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092