ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната е долга, веќе има многу неизвесни дуели во и во битката за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари и во продолжение од сезоната.

Ние ги одбравме најдобрите седум а 2. коло, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 14 часот.

Гласањето е завршено.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 2. коло во машка Супер лига?

Мартин Јовановски, голман -Струга-
39.77%
Богдан Николиќ, среден бек, -Струга-
19.23%
Гоце Георгиевски, десно крило -Вардар-
14.54%
Давор Палевски, лево крило -Пролет-
9.57%
Стипе Мандалиниќ, лев бек - Еурофарм Пелистер-
8.35%
Руслан Хончаров, пивот -Младост-
5.53%
Вања Смиљаниќ, десен бек, Тиквеш
3.00%

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ОХРИД – ВАРДАР           19:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ               28:23 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – МЕТАЛУРГ      28:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ        21:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22006
2ВАРДАР 196111003
3ОХРИД11003
4СТРУГА11003
5ПРОЛЕТ11003
6БУТЕЛ11003
7ПРИЛЕП21013
8РАДОВИШ10010

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛАТИ ОД 2. КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ПРИЛЕП             29:26 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – АСТРАИОН          39:25 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – МЛАДОСТ               22:23 (ИЗВЕШТАЈ)

КЛ 7 – ЈУНИОР КВ           37:36 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО

ГОЛМАН: Мартин Јовановски (Струга) – Струга обезбеди реми од 28:28 против Металург, а голманот Јовановски беше меѓу најзаслужните. Тој успеа да забележи 15 интервенции на овој натпревар.

ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет 62) – Левото крило на Пролет доминираше во нападот на дуелот против втората екипа на Еурофарм Пелистер. Со осум гола беше убедливо најефикасниот.

ЛЕВ БЕК: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – Пред утрешниот дуел против Магдебург во Лигата на Европа, Мандалиниќ покажа дека се враќа во гол форма. Со осум погодоци ги предводеше колегите до победа против Бутел.

ЦЕНТРАЛЕН БЕК: Богдан Николиќ (Струга)  – Во освојувањето на големиот бод против тимот на Металург голема улога имаше и централниот бек, Николиќ. Тој седумпати ги матираше металурзите и беше одличен лидер во нападот.

ДЕСЕН БЕК: Вања Смиљаниќ (ГРК Тиквеш) – Кавадарчани се промовираат во тим за првото место во плеј-аутот, а во победата над Астраион, Смиљаниќ имаше свој ден. Постигна девет гола.

ДЕСНО КРИЛО: Гоце Георгиевски (Вардар) – Вардар имаше тешка средба на гостувањето во Охрид, но успеа да дојде до победа. На овој дуел репрезентативецот на Македонија имаше одличен настап и осумпати погоди во голот на охриѓани.

ПИВОТ: Руслан Хончаров (Младост 1977) – Составот на Младост од Богданци се врати со големи три бода од Радовиш. Пивотот Хончаров одработе одлична средба како и повеќето од играчите кои имаат поголема минутажа.