Вардарци добро се испотија, во вториот дел го скршија жилавиот Охрид

По триумфот над Мотор Запорожје, ракометарите на Вардар им се вратија на домашните обврски. Избраниците на Стече Алушовски славеа над Охрид во натпревар од суперлигашкиот плеј-оф со 19-23.

Охриѓани на почетокот играа одлично, водеа со плус три, 6-3, беше и 7-4, но вардарци брзо се вратија во игра. Беше 8-8, а потоа се играше гол за гол до крајот на полувремето. Гостите од Скопје заминаа на пауза со водство 10-11.

„Црвено-црните“ на стартот на вториот дел одржуваа предност од гол или два, но избраниците на Раде Стојановиќ одлично парираа и не дозволија ривалот така лесно да стигне до триумфот.

По 15-16, вардарци преку Георгиевски се одлепија на 15-19 и потоа до крајот само рутински ја задржаа предноста за конечен триумф со 19-23. Ова беше втор триумф за Вардар во плеј-офот, за втор пораз за Охрид.

21 март 2021
19 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
21 март 2021 19:11 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 21,03,2021 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1019Пораз
ВАРДАР 19611123Победа

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман01
4Крсте Андоновскилево крило01
5Мартин Ивановскицентрален бек00
6Филип Кривокапиќцентрален бек13
7Бобан Блажескидесно крило01
8Наум Костовдесно крило00
9Игор Чагаљпивот02
10Филип Николовдесен бек00
11Михаил Иваноскидесен бек00
13Борче Соколовцентрален бек00
14Михајло Младеновиќлев бек00
19Иван Тасескипивот00
24Мартин Манасковлев бек03
35Николче Ристескилево крило01
94Денис Тотдесен бек07
97Никола Даниловскиголман00
 Вкупно 119

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек04
4Томислав Јагуриновскидесен бек02
5Стојанче Стоиловпивот13
9Гоце Георгиевскидесно крило08
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек00
21Глеб Каларашпивот00
24Анте Гаџацентрален бек03
28Филип Талескилев бек01
31Тимур Дибировлево крило02
44Јосип Векиќдесен бек00
55Стефан Атанасовскипивот00
97Марко Мишевскилев бек00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 123

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515