Сензација покрај езерото: Струга се врати од бездната и извади реми со Металург!

По поразот од Пролет во првото коло, ракометарите на Металург не успеаја да слават ниту во вториот меч, откако одиграа само нерешено на гостински терен кај Струга, 28-28, иако водеа и со пет голови разлика во неколку наврати.

Стружани отворија со водство 1-0, беше 5-4, а одржуваа реазултатска рамнотежа дваесетина минути до 9-10. Потоа следуваа неколку избрзани напади на избраниците на Наум Танески, а Металург казни набрзина и се одлепи на плус четири, 9-13. До крајот на полувремето гостите од Автокоманда ја одржаа таа преднос и на пауза се замина со 13-18.

На стартот на второто полувреме не се промени ситуацијата и односот на силите на теренот. Домашните се обидуваа да направат камбек, но водство на металурзи се движеше од три до пет погодоци.

Гостите од Автокоманда помислија дека се е готово, па се опуштија во финишот. Bо последните десетина минути по 23-27, два пати погоди Маркоски за 25-27. Голманот Јовановски кој на крај собра 15 интервенции бранеше одлични во овој период, а Јанкуловски и Ракочија стрелаа за реми, 27-27.

Хорват од пенал донесе предност за Металург, 27-28, но и Ракочија погоди од безизлезна ситуација за ново реми. Металурзи избрзаа во нападот, па имаше време за стружани да се надеваат на погодок. Тие постигнаа гол, но не беше признат поради фаул, па истече времето, Николиќ не успеа да погоди слободен удар и мечот заврши нерешено.

19 март 2021
28 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 март 2021 17:11 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 19.03.2021 60'

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1328Реми
МЕТАЛУРГ1828Реми

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-04
4Христијан Крстаноскилев бек00
5Бобан Савески-00
7Пеце Рајатоскидесно крило04
10Вук Лакичевиќдесен бек13
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
12Мартин Јовановскиголман01
14Славиша Димитријескицентрален бек00
18Богдан Николиќцентрален бек07
23Игор Илиевскилево крило11
24Ненад Костоскилево крило00
25Вукашин Ракочијалев бек05
44Дарио Симоноскипивот00
55Филип Пајкоскипивот00
77Никола Цветаноскилев бек02
 Вкупно 228

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек00
7Дарио Кофилоскилево крило04
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило10
13Златко Хорватдесно крило07
15Василије Калуѓеровиќлев бек18
17Мартин Серафимовдесен бек02
19Милан Лазаревскипивот15
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек11
27Теодор Тодескилев бек00
28Андреј Митиќпивот00
42Момир Рниќлев бек00
44Стефан Додиќцентрален бек11
 Вкупно 528

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515