Тимот на Драчево Јуниор ангажираше уште тројца нови ракометари пред стартот на новата прволигашка сезона. Тренерот Велимир Настески ја имаше првата прозивка со ракометарите кои останаа и за претстојната сезона, но и новајлиите.
Нови имиња во Драчево Јуниор се левите крила Лука Мојсовски, кој доаѓа од Автомоманда и Матеј Тасевски кој дојде од Вардар, како и левиот бек Огнен Тасевски, кој минатата сезона беше дел од младинскиот тим на „црвено-црните“.
Претходно во амбициозниот прволигаш се преселија средните бекови Томче Пецаковски од Еурофарм Пелистер 2 и Теодор Пецановски од Автокоманда, а оттаму доаѓаат и голманот Филип Николовски и левиот бек Томислав Стаменков.
Амбициозниот прволигаш пред три сезони играше бараж за Супер лигата, а минатата сезона ја заврши ТОП 3. Во новата сезона Драчево Јуниор ќе биде дел од Првата лига со уште 13 други екипи, а првото коло ќе се игра на 12/13 септември.
Момците на Настески ќе стартуваат со дерби двобој на домашен терен против Вардар Неготино, уште еден кандидат за врвот во Првата лига.
























