Пролет едвај до триумф кај мотивираниот Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет одиграа максимално израмнет натпревар во плеј-оф конкуренцијата од Супер лигата кој на крај го доби гостинската екипа со 21:23.

Од самиот почеток резултатот постојано беше израмнет, ниту една од екипите не успеваше да направи повисока предност. Така беше сè до 20. минута и резултат 8:8, а потоа следуваше подобар период на Пролет кога гостите обезбедија водство на полувреме.

Во последните десетина минути Пролет стигна до највисоката предност што ја имаше една од екипите на натпреварот. На полувреме гостите водеа 10:13. Вториот дел продолжи во ист ритам како и првиот дел. Еурофарм Пелистер 2 долго беше во негатива но во 46. минута повторно израмнија на 18:18.

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет

Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет одиграа максимално израмнет натпревар во плеј-оф конкуренцијата од Супер лигата кој на крај го доби гостинската екипа со 23-21. Фото: Димитар Петковски

Во последните десетина минути од натпреварот двете екипи тешко постигнуваа голови, Еурофарм Пелистер 2 имаше период од седум минути без постигнат гол што беше клучно за победникот на натпреварот. Пролет тоа го искористи да влезе со преднсот во завршницата.

Во последните две минути Пролет влезе со два гола предност, 20:22 Еурофарм Пелистер 2 имаше можност од седмерец да намали на минус еден но Ангелов се истакна на голот и одбрани со што беше решен победникот.

Натпреварот беше доста борбен со многу исклучувања, а во редовите на Еурофарм Пелистер 2 двајца играчи го завршија натпреварот предвреме. После еден остар старт на почетокот на второто полувреме Павле Петровиќ доби директен црвен картон, а Стефан Дрогришки заради трето исклучување го заврши натпреварот во 51. минута.

Во продолжение клучната одбрана на Петар Ангелов од завршните моменти од мечот.

20 март 2021
21 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 март 2021 17:32 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 20.03.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21021Пораз
ПРОЛЕТ1323Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Игор Петковски-00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек16
9Васко Димитровскипивот01
11Симон Мирчевски-00
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек14
22Иван Димитровскилево крило15
23Стефан Талевскицентрален бек01
24Никола Стоилевскидесно крило01
33Петар Атанасијевиќлев бек10
44Ненад Белистојановски-00
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек32
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот01
 Вкупно 721

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
3Филип Василевскипивот01
4Михаил Аларовпивот23
7Кристијан Давитковскидесен бек00
8Дејан Пецаковскилев бек00
13Мартин Димовдесно крило03
15Ласко Андоновскицентрален бек02
16Јане Цветковскиголман00
18Иван Џоновлев бек11
19Доне Мајновдесен бек00
20Виктор Дамчевскилево крило00
22Александар Василевскилев бек20
26Петар Ангеловголман01
55Никола Потиќдесен бек00
71Давор Палевскилево крило08
99Жарко Пејовиќцентрален бек04
 Вкупно 523

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515