Ракометарот кој главно има дефанзивни задачи во Вардар, Бакари Дијало после поразот од Монпелје се изјасни за она што се случуваше.
Тој не е задоволен од тоакако играле денеска против тимот од Франција и смета дека мора многу да поправат во следниот период ако сакаат позитивен биланс.
„Не почнавме најдобро на овој натпревар. Монпелје тргна многу подобро и имаше подобар старт од нас. Во текот на целата средба нашиот противник одигра подобро. Од ова ќе извлечеме поука за следните натпревари. Сигурно ќе бидеме многу подобри. Монпелје е екипа која заслужува респект. Во претходното коло се виде тоа кога го победи Кил. Затоа, ние ќе мораме да тренираме многу подобро и да бидеме уште подобро подготвени за следните дуели. Имаме уште многу за играње. Жал ми е што не успевме да дојдеме до подобар резултат бидејќи денеска имавме одлична поддршка“, изјави Дијало.
Следната средба тимот на Вардар ја има против Алборг веќе следната среда.