Десетка за Стојановски, Радовиш запиша триумф кај Јуниор КВ

Ракометарите на Радовиш остварија победа на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со 23-28, што беше петти триумф за нив оваа сезона, но двете екипи напролет ќе настапуваат во плеј-аутот и ќе се борат за опстанок во суперлигашката конкуренција.

Избраниците на Љупче Мијалов отворија со предност од 1-4, откако ги искористија брзоплетите грешки на домашните. Но како одминуваше времето, така Јуниор КВ се враќаше во игра и израмни на 7-7.

Во продолжение Радовиш пак поведе со два гола. Беше 8-10, па 9-11, но избраниците на Ристо Магдинчев по одличните интервенции на голманот Стојаноски и реализициите на Пешкирски и Милутиновиќ израмнија на 11-11. На пауза се замина со реми, 12-12.

Домашните заиграа поангажирано и поразновидно на стартот на вториот дел, а тоа резултираше и со водство од по еден гол на неколку пати, но тоа траеше само десетина минути.

По 17-17, Радовиш со серија од три гола преку Стојановски и капитенот Ѓорѓиев поведе со 17-20. Беше и 22-24, а гостите пак со три гола по ред се одлепија на 22-27 и веќе немаше дилеми кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. На крајот победа за радовишани со конечни 23-28.

Најефикасен во победничката екипа беше Зоран Стојановски со десет голови, а кај Јуниор КВ се истакна Бајрактаревиќ со осум.

23 - 28
Конечен резултат

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.1223Пораз
РАДОВИШ1228Победа

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Намик Османлево крило00
4Марко Трајковскипивот00
5Мартин Бошковскипивот00
7Бојан Маневцентрален бек10
8Кирил Пешкирски-02
9Дамјан Трајковскицентрален бек04
10Филип Ролевскидесно крило01
12Александар Стојаноскиголман10
16Адриан Костадиноскиголман00
18Мартин Димовскицентрален бек00
23Стефан Стојановскилев бек03
24Немања Милутиновиќлев бек14
30Антонијо Пешевскилево крило00
88Томче Трајчевскипивот00
97Жарко Барјактаревиќдесен бек19
 Вкупно 423

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило010
4Александар Марковлев бек12
7Александар Долдуровлево крило04
9Спасе Ѓоргиевдесно крило03
10Здравко Постоловцентрален бек05
11Филип Костадинов-00
14Јован Ѓоргиевлев бек00
15Аце Спасовлев бек00
18Ангелче Органџиевлев бек14
23Кристијан Ристовлево крило00
24Мартин Трајковскиголман00
81Мартин Ситновски-00
 Вкупно 228

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
САЗДОВСКИ ВЛАДИМИР
ПозЕкипаНПРЛБ
1ОХРИД12120036
2ПРОЛЕТ1280424
3СТРУГА1261519
4Г.А.-КЛ71251616
5РАДОВИШ1250715
6ЈУНИОР К.В.1231810
7АСТРАИОН1211104