Божиновски и Начевски ќе судат полуфинале на СП!

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе има голем предизвик во судиската кариера.

Светската ракометна федерација ги делегираше да судат на една од полуфиналните средби на кадетскиот женски Мундијал што се одржува во Скопје.

Тие ќе бидат „главни“ на средбата меѓу Холандија и Данска што ќе се игра вечерва од 18:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Нема сомнеж дека по одлично отсудените натпревари во групите и елиминациите, македонската двојка и вечерва ќе си ја одработи задачата според очекувањата.

Драган Начевски ќе биде меѓу официјалните лица на натпреварите Германија – Норвешка и Јужна Кореја – Унгарија.