ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Од ракометните терени во борба против коронавирусот!

Шведскиот ракометар Јеспер Конрадсон кој настапува во првенството на Данска, за екипата на Скјерн во периодот кога сите се зафатени со коронавирус кризата, се фати за доброволна хуманитарна работа.

Волонтерската работа на Конрадсон е помагање на жителите на Скјерн кои се во ризичните групи, а се состои во достава на најосновните производи. Во меѓувреме на ракометарите им беше забрането и да тренираат во борба за спречување на ширењето на вирусот.

„Бидејќи не можеме да бидеме ракометари во овој момент, би требало да на правиме нешто друго и да ја искорстиме оваа ситуација“, кратко изјави Конрадсон.

Двајца играчи од Скјерн кои би можеле истоа така би можеле да помогнат, но се во карантин се Бјарте Мирхол кој е веќе заразен и кој бил во контакт со заразените ракометари од Рајн Некар. Исто така и Томас Могесен е во домашна изолација, но тој е од други причини. Неговото дете било во контакт со дете кое веќе е потврдено дека е заразено.