17-годишната ракометарка Анастасија Марсениќ е најновото засилување за црногорскиот шампион Будуќност. Десното крило потпиша договор на една година, а досега играше за данскиот третолигаш Вирум.
Тимот на Динамо Букурешт се засили со двајца ракометари кои досега играа за големите ривали. Од Баја Маре доаѓа 22-годишното левото крило Тудор Ботја со договор на две години, а од ЧСМ Букурешт доаѓа плејмејкерот кој има 22 години, Октавијан Бизеу.
Откако го донесе ветеранот Гарсија Робледо, тимот на Грањолерс поптиша договор на две години и со Ориол Реј. Шпанскиот пикер се враќа во татковината по настапите во Франција за Ница и Екс ан Прованс.
Поранешниот десен бек на Вардар Јуниор и Пелистер, Ристо Вујачиќ, по три сезони минати во словенечкиот РИКО Рибница, заминува од клубот и во следната сезона ќе има нов предизвик.
Турскиот шампион Кастамону, кој се пријави за настап во Лигата на шампионите следната сезона, го продолжи договорот со капитенот Серпил Искендероглу на една сезона. 37-годишниот плејмејкер игра за Кастамону од 2015 година.